Дописници МКДОпштински вести

Традиционален настан „Дарувај со љубов – Денови на хуманост“ во Делчево

Во Делчево и годинава се одржува традиционалниот настан „Дарувај со љубов - Денови на хуманост“, кој по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општината го организира во партнерство со образовните институции и детската градинка, ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево и Здружението „Бравура кооператива“.

Делчево, 27 ноември 2021 (МИА) – Во Делчево и годинава се одржува традиционалниот настан „Дарувај со љубов – Денови на хуманост“, кој по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општината го организира во партнерство со образовните институции и детската градинка, ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево и Здружението „Бравура кооператива“.

Целта за оваа активност, како што информираа организаторите, е да се разбуди филантропијата и општествената одговорност и да се подигне свеста за лицата со хендипек и нивното место во општеството.

-Активностите имаат заеднички именител-дека нема свет со различности и дека секој еден е важен. Деновите на хуманост започнуваат на 29 ноември со Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ под наслов „Џифони патува во Делчево“ во која учество ќе земат 60-тина средношколци и основци распоределени во два дена со инклузија на лица со попреченост- штитеници на Дневниот центар. Целта на настанот е развој на визуелната култура кај младата публика, истакнаа организаторите.

Паралелно со Филмскиот фестивал на 1 декември почнува ликовната работилница во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ каде талентирани ученици и лица со попреченост ќе ги учат тајните на сликарството од стручни лица.

-На 2 декември лицата со посебни потреби ќе ја посетат градската библиотека ЈЛБ „Илинден“, каде ќе се запознаат со богатството од книги и начинот на кој работи оваа институција. Меѓународниот ден 3 Декември е резервиран за посета на Дневниот центар и промоција на проектот за Клуб за социјална инклузија „Интегра“, но и запознавање со првиот уличен продавач на весникот „Лице в лице“во Источна Македонија. Овој ден ќе биде главниот мотив за низа креативни активности кои ќе се одржат во образовните институции, со единствена порака да се подигне свеста за лицата со попреченост, додадоа организаторите.

Деновите на хуманост е предвидено да завршат со претпремиерата на детската претсава „Вистина или лага“, под мотото: „Детски хумор во невреме“. вс/рп/

Back to top button
Close
Close