Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Традиционален Водосвет за големиот празник Водици во Македонски Брод и Самоков

Традиционалниот Водосвет за големиот празник Водици во Македонски Брод и Самоков не изостана и годинава. Утрово во црквите во Самоков и Македонски Брод, беа присутни кумовите од 32 крста од целата општина.

Кичево, 18 јануари 2022 (МИА) – Традиционалниот Водосвет за големиот празник Водици во Македонски Брод и Самоков не изостана и годинава. Утрово во црквите во Самоков и Македонски Брод, беа присутни кумовите од 32 крста од целата општина.

По извршениот Водосвет водичарските кумови ги наполнија бакарните котлиња со осветената вода и се упатија во родните села да ги благословат домаќинствата од нивниот крст и да ги поканат да им бидат гости за Водици.

Во село Самоков на црковната свеченост беа присутни 26 водичарски кумови од соседните села во Поречијата, додека нивниот број во Македонски Брод беше помал.

– Во црквата во Самоков беа присутни кумовите од селата Брест, Косово, Растеш, Бенче, Горно и Долно Ботушје, Могилец, Зркле и Рамне. Во црквата во Македонски Брод беа присутни кумовите од селата Требино, Требовље, Брезница, Василковци, Тополница и други, изјави отец Саше Костадиноски.

Тој потсети дека утре положувањето на крстот во 11 часот ќе се случи во село Самоков во Ковачка Река, а во 12 часот на централната прослава ќе се положи крстот во река Треска во Македонски Брод.

Инаку, во оваа општина до пред две години имаше дури 82 водичарски кумови со исто толку крстови од 42 села. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close