0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Тотенхем се договори со Ричарлисон

Премиелигашот Тотенхем е блиску до потпис со напаѓачот на Евертон, Ричарлисон. Според „Скај спорт“, Спарс очекуваат да го комплетираат трансферот во следните 24 часа.

Лондон, 30 јуни 2022 (МИА) – Премиелигашот Тотенхем е блиску до потпис со напаѓачот на Евертон, Ричарлисон. Според „Скај спорт“, Спарс очекуваат да го комплетираат трансферот во следните 24 часа.

Клубовите веќе ги финализираат преговорите, а „карамелите“ од Ливерпул се заинтересирани да го продадат играчот пред петок, кога ќе ја завршат финансиската година.

На овој начин тие можат да се погрижат нивните операции да бидат во согласност со финансискиот фер-плеј на Премиер лигата.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Тотенхем веќе ги договорил личните услови со Бразилецот. Најавено е потпишување долгорочен договор. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close