0_Спорт.ПорталФудбал

Толисо има намера да го напушти Баерн како слободен играч следното лето

Играчот од средниот ред на Баерн, Корантин Толисо, има намера да го напушти тимот како слободен играч, тврди Николо Шира.

Минхен, 27 октомври 2021 (МИА) – Играчот од средниот ред на Баерн, Корантин Толисо, има намера да го напушти тимот како слободен играч, тврди Николо Шира.

Според италијанскиот новинар, преговорите за продолжување на договорот со 27-годишниот Французин веќе се прекинати, а агентот на играчот почнал да работи на пронаоѓање на нов клуб.

Толисо игра за Баерн Минхен од летото 2017 година.

Оваа сезона, Толисо учествуваше на пет натпревари на Баварците, постигна еден гол и креира една асистенција.

Договорот на Французинот со германскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close