Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Тозиевски повика на масовна излезеност и негова поддршка, вети работа, труд и посветеност

Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО – ДПМНЕ Јован Тозиевски ги повика жителите на Преспа да излезат масовно в недела на вториот круг од локалните избори и својот глас да го дадат за бројот 7, бидејќи, како што рече, ветува работа и труд и посветеност во текот на целиот мандат.

Ресен, 29 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО – ДПМНЕ Јован Тозиевски ги повика жителите на Преспа да излезат масовно в недела на вториот круг од локалните избори и својот глас да го дадат за бројот 7, бидејќи, како што рече, ветува работа и труд и посветеност во текот на целиот мандат.

– Ве повикувам в недела на 31 октомври, масовно да излезете да гласате, со цел слободно да ја изразите вашата волја без притисоци и уцени, бидејќи вие последни одлучувате, на кого, каде му е местото. Јас ви ветувам работа и труд, како и посветеност во текот на целиот мандат, подвлече Тозиевски.

Изборната кампања ја оцени како позитивна, што смета дека е одлика на култура, чесност и достоинство.

– Ми претставуваше особена чест и задоволство што бев активен учесник во изминатиот период во изборната кампања за избор на градоначалник на општина Ресен. Целокупната кампања беше изградена со позитивна енергија и позитивен пристап до граѓаните, како и политичка култура кон сите учесници во трката за избор на градоначалник на општина Ресен. Водењето на позитивна кампања сметам дека е одлика на култура, чесност и достоинство во текот на целиот овој период, заклучи Тозиевски. сс/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close