Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Тозиевски вети поддршка за спортот во Преспа

Поддршка на сите локални спортски клубови, но и на сите индивидуални и колективни спортови во Преспа, вети кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО–ДПМНЕ Јован Тозиевски.

Ресен, 21 октомври 2021 (МИА) – Поддршка на сите локални спортски клубови, но и на сите индивидуални и колективни спортови во Преспа, вети кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО–ДПМНЕ Јован Тозиевски.

Барајќи ја поддршката од неговите сограѓани во присуство на претседателот на партиската комисија за спорт Борко Ристовски, најави изградба на нови и ревитализација на постоечките спортски објекти, нагласувајќи дека Преспа повторно ќе биде расадник на спортисти во државата.

-Ја барам вашата доверба, за заеднички да направиме промена и можност да чекориме напред, кон развиена и успешна општина. Ветуваме проекти, попросперитетна и угледна општина, ветуваме пласман на јаболкото, општината партнер на земјоделците. Реализација на сите проекти кои се во нашата програма и конечно убави услови за живот за сите наши сограѓани, рече Тозиевски.

Ристовски, пак, забележа состојбата со спортот во Преспа е на многу лошо ниво и оти спортските објекти се оставени на забот на времето.

-Во разговор со спортски работници и претседатели на спортски клубови дојдовме до сознание поразително за спортот, но и за едно општество. Спортските игралишта се запуштени и оставени на времето и временските услови. Сите да се сплотиме и во вториот круг да го направиме Јован новиот градоначалник на Ресен, бидејќи пред сè, се работи за чесен и вреден човек. Човек кој го сака спортот, изјави Ристовски по средбата со жителите на Преспа.сс/ир

Back to top button
Close
Close