Дописници МКДОпштински вести

Типските куќи за социјално ранливите семејства ќе се градат во штипската месност Черења

Во општина Штип ќе се градат 47 типски куќи наменети за семејствата од социјален ризик. Претходно избраната локација во близина на манастирот „Света Недела“ или попознат како Мирјанина црква се покажа како неподобна, од урбанистички аспект. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, посочи дека новата локација е во месноста Черења.

Штип, 28 јануари 2022 (МИА) – Во општина Штип ќе се градат 47 типски куќи наменети за семејствата од социјален ризик. Претходно избраната локација во близина на манастирот „Света Недела“ или попознат како Мирјанина црква се покажа како неподобна, од урбанистички аспект. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, посочи дека новата локација е во месноста Черења.

– Гледавме да бидат на локација за да се вклопат со населнието коешто таму живее. Потоа ќе се спроведе следната фаза од проектот, односно ќе се избере соодветен оператор, кој ќе ги постави типските куќи и луѓето кои се бездомници или немаат покрив над главата или живеат во супстандардни услови ќе добијат право да се вдомат во овие типски куќи, додаде Јорданов.

Голем дел од семејствата живеат во супстандардни услови во објектите на старото Нервно одделение. Проектот се реализира веќе неколку години, а е насловен  „Заедно за подобрување на условите за живот на ромската заедница“.

Покрај Штип, во овој европски проект вклучена е и општина Берово. Средствата се обезбедени преку ИПА-фондовите на ЕУ, во вкупна вредност од 900.000 евра. Штип добива 650.000 евра, но и обврска да кофинансира 70.000 евра од сопствената каса, а остатокот од 250 000 евра се неменети за изградба на типски куќи во Берово. вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close