0_Спорт.ПорталДописници МКДОстанатоСпорт

Тешка финансиска криза го тресе кичевскиот одбојкарски второлигаш и спортот во целост во овој град

И покрај најавите од клупската управа во текот на есента, дека на полусезона екипата на Ускана Кичево играчки ќе се засили и ќе стане сериозен конкурент за врвот на табелата, сепак според последните случувања не само што екипата нема да се бори за врвот на табелата, туку единствено и преостанува да се бори само за опстанок во Втората лига.

Кичево, 22 јануари 2022 (МИА) – И покрај најавите од клупската управа во текот на есента, дека на полусезона екипата на Ускана Кичево играчки ќе се засили и ќе стане сериозен конкурент за врвот на табелата, сепак според последните случувања не само што екипата нема да се бори за врвот на табелата, туку единствено и преостанува  да се бори само за опстанок во Втората лига.

Тешката финансиска криза која го тресе клубот е единствената и најголема причина зошто оптимизмот кај клупската управа е драстично намален, потврди претседателот на клубот, Башким Мехмеди.

– За жал нашиот оптимизам и надеж дека во текот на зимската пауза ќе ја засилиме екипата со две до три интернационалки од традиционално одбојкарските нации нема да се реализира, откако финансиската состојба во клубот драстично се влоши и не само што нема да ја засилиме екипата, туку ги направивме првите чекори и од обврските кон клубот ја ослободивме најдобрата и наша најзаслужна одбојкарка за врвот на табелата, Милица Терзиќ.

Сакавме да биде коректни бидејќи не сме во можност да ги исполниме нејзините финансиски барања и дадовме зелено светло да побара нова клупска средина-вели претседателот Мехмеди и уште еднаш ги нагласи  условите кои требаше да бидат исполнети за екипата да ги оствари планираните амбиции.

– Иако очекувавме општината да ни излезе во пресрет и финансиски да не подржи, за да можеме да ги реализираме нашите амбиции, сепак од локалната самоуправа не наидовме на разбирање за нашите барања, што е решавачки фактор, за да ги промениме плановите и амбициите за следната полусезона. Исто така бизнис заедницата во градот како и и општината, не покажа интерес  да го помогнат клубот и тоа има дополнителен негативен одраз врз нашите амбиции, додаде претседателот и ги потенцира нехуманите услови во кои работи екипата изминатите неколку години.

– Би дополнил дека и условите во спортската сала се повеќе од тешки за работа, бидејќи салата во Иванидол не се затоплува а тоа остава длабоки траги врз здравјето на одбојкарките и блиску сме до одлука на крајот на првенството да престанеме со натпреварување, ако дотогаш не се променат состојбите на подобро, додаде претседателот.

Кичево веќе има искуство со спортски екипи кои биле високо пласирани во своите лиги а денес речиси ги нема на спортската мапа,како што се фудбалските екипи на Напредок и Влазерими ,некогашни прволигаши,ракометарките на Кале, со години учесник на европски натпреварувања,одбојкарите на Шутова шампиони на Македонија пред шест години, каратистите, стрелците, гимнастичарите и сите перјаници на спортот од градот под Илиница, кои Кичево го ставале во групата најспортски градови во земјава. за/

Таг
Back to top button
Close
Close