Дописници МКДОпштински вести

Теута Арифи: Ќе обезбедиме лични асистенти за учениците од средношколска возраст кои имаат посебни потреби

Соработката на Општина Тетово со Дневниот центар за лица со посебни потреби и невладиниот сектор во иднина ќе се проширува во насока ученици од средношколска возраст со посебни потреби да добиваат лични асистени со цел да бидат вклучени во образование, најави градоначалничката Теута Арифи при денешната посета на оваа установа. Таа потсети дека и до сега висок приоритет било сите деца со посебни потреби од основните училишта инклузивно да следат образоваен процес и во исто време да имаат лични асистенти.

Тетово, 20 октомври 2021 (МИА) – Соработката на Општина Тетово со Дневниот центар за лица со посебни потреби и невладиниот сектор во иднина ќе се проширува во насока ученици од средношколска возраст со посебни потреби да добиваат лични асистени со цел да бидат вклучени во образование, најави градоначалничката Теута Арифи при денешната посета на оваа установа. Таа потсети дека и до сега висок приоритет било сите деца со посебни потреби од основните училишта инклузивно да следат образоваен процес и во исто време да имаат лични асистенти.

-Во целата нашата општина нема дете кое има документ дека има потреба од личен асистент кој не е покриен кога зборуваме за возраст од основно образование. Затоа ни беше важно да оваа програма ја прошириме и со децата од прешколско образование.  Наша програма е да во идниот мандат и во средното образование да ја  прошириме оваа програма за да имаме комплетно инклузивен процес за децата и учениците кои имаат овие потреби, изјави Теута Арифи.

Здружение за подигање на психо-социјалната свест Имаго-плус од Тетово е вклучено како партнер во Дневниот центар каде настава следат и деца од претшколска возраст.

-Тие деца што ќе може да се вклучат во градинки и училишта ќе се вклучуваат. За тие над 14 години сакаме да да отвориме како средно училиште за професионална ориентација и рехабилитација што ќе биде од корист бидејќи овие деца ќе се вклучат во општеството.  Се заблагодарувам на соработка на Меѓуоптинскито центар за социјална работа и директорот затоа што е создаден триаголник помеѓу општината, центарот и здружението што овожмува се ова да функционира, изјави Земријет Бела Вејсели, претседателка на Здружение Имаго плус.

Моментално во Центарот има 35 деца на возраст од две до 14 години возраст со посебни потреби кои не можат да се вклучат во редовна настава. ас/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close