Дописници МКДОпштински вестиПолитика

Теута Арифи на протвикандидатите им предложи меморандум за почит кон жртвите од пожарот

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, им понуди на противкандидатите за локалните избори да потпишат меморандум со кој ќе се изрази солидарност во однос на трагедијата од 8 септември. Воедно бара да нема активности до 27 септември, кога официјално треба да почне кампањата.

Тетово, 17 септември 2021 (МИА) – Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, им понуди на противкандидатите за локалните избори да потпишат меморандум со кој ќе се изрази солидарност во однос на трагедијата од 8 септември. Воедно бара да нема активности до 27 септември, кога официјално треба да почне кампањата.

Посочувајќи дека трагедијата од 8 септември е најцрниот настан во историјата на Тетово каде четиринаесет наши сограѓани го загубија животот во пожарот што ја зафати болницата, градот сè уште е во шок од настанот.

– Нашите граѓани сè уште се во жалост и тага. Нашиот град ќе ги избере градоначалникот и општинскиот совет на 17 октомври. Важна е демократската одлука, да се избере кој ќе го води Тетово во иднина. Но, и покрај важноста на овие избори, приоритет мора да остане почитта на жртвите и тагата што го зафати целиот наш град. Во овој контекст, кандидатите за градоначалници и Советот на општината, како и нивните партии се согласија да го потпишат овој договор за кратка, фер изборна кампања во однос на загубените животи, состојбата на нашите граѓани и вредностите на нашето општество, стои во предлог меморандумот на Теута Арифи.

Од Алијанса за Албанците веднаш стигна негативен одговор на понудата на Теута Арифи. Од оваа партија посочуваат дека тие и идниот градоначалник на општината на Тетово ќе водат кампања со конкретна понуда за обновување на градот после осумгодишната деградација и хаос. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close