Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Тетовската полиција приведе двајца малолетници и 31-годишник поради марихуана

Полицијата во Тетово денеска за речиси два часа приведе три лица откако кај нив е најдена марихуана. Двајца од приведените се малолетници на 17 години.

Тетово, 18 октомври 2021 (МИА) – Полицијата во Тетово денеска за речиси два часа приведе три лица откако кај нив е најдена марихуана. Двајца од приведените се малолетници на 17 години.

– Околу 14 часот, на улица „Ѓорче Петров” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово на возраст од 17 години. При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци. Денеска, исто така,околу 15 часот и 50 минути во тетовско Теарце лишен од слобода е А. Ф. (31) од ова село, затоа што му била пронајдена марихуана, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

И на приведениот од Теарце ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close