0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Тајмс: Кристијано Роналдо бара од Манчестер јунајтед да го продаде доколку дојдат добри понуди

Кристијано Роналдо летово ќе го напушти Манчестер јунајтед, објави „Тајмс“. Португалецот се обратил до управата на клубот со барање да го продаде доколку добие соодветна понуда.

Лондон, 2 јули 2022 (МИА) – Кристијано Роналдо летово ќе го напушти Манчестер јунајтед, објави „Тајмс“. Португалецот се обратил до управата на клубот со барање да го продаде доколку добие соодветна понуда.

Триесет и седумгодишниот напаѓач има за цел да игра во Лигата на шампионите секоја сезона до крајот на кариерата. Според него, му остануваат уште 3-4 години како професионален фудбалер.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close