0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерХроникаХроника.Портал

Судот определи мерка притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови

Судот определи мерка притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА. Обвинетиот не се појави на судењето, откако на претходното рочиште изјави дека до денеска ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани.

Скопје, 1 септември 2021 (МИА) – Судот определи мерка притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА. Обвинетиот не се појави на судењето, откако на претходното рочиште изјави дека до денеска ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани.

Денешното судење се одржа три ипол месеци по Обвиненителниот предлог за агентот за недвижности, поради сторено кривично дело – Измама, кој следеше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва, а по претходно обелоденување на случајот, континуирано следење и иницирање одговори за истиот.

Обвинетиот, 41 годишен скопјанец, се товари за Кривично дело – Измама, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на  сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но, до Договори за купопродажба не дошло. Со шестмина оштетени, како што велат, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба, во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Еден од оштетените, денеска за МИА изјави дека го пријавил случајот веднаш откако го видел написот со кој МИА ја обелодени измамата на дел од оштетените граѓани.

– Откако го прочитав текстот сфатив дека сум измамен. Претходно не знаев дека се работи за измама. Контактот со агентот беше редовен и регуларен, се одложи плаќањето на данок во Град Скопје, последно беше тоа што завршивме на нотар, и тука агентот започна со изговори дека не може да дојде, изјави оштетениот.

МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предмет, лишувањето од слобода на агентот, како и постапката која ја поведе Обвинителството и определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог.

Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска а случајот го води судијата Александра Ристеска. ар/бк/

 

Таг
Back to top button
Close
Close