Дописници МКДОпштински вести

Студот повторно ја зголеми потрошувачката на вода во Кичево

емпературите што последнава седмица во ноќните часови се исклучително ниски, придонесуваат потрошувачката на вода во Кичево да се зголеми за 20 до 30 проценти. Оваа појава не е нова, туку и претходните години кога температурите беа екстремно ниски, потрошувачката на вода нагло растеше, потврди Зенел Јонузи, директорот на ЈКП „Комуналец“.

Кичево 23 јануари 2022 (МИА) – Температурите што последнава седмица во ноќните часови се исклучително ниски, придонесуваат потрошувачката на вода во Кичево да се зголеми за 20 до 30 проценти. Оваа појава не е нова, туку и претходните години кога температурите беа екстремно ниски, потрошувачката на вода нагло растеше, потврди Зенел Јонузи, директорот на ЈКП „Комуналец“.

-Во овие речиси девет години период колку што сум на чело на комуналното претпријатие, постојано регистрираме зголемена потрошувачка на вода во периодите на екстремно ниски температури. Така оваа зима вторпат ни се случува ниските температури во текот на ноќта, да бидат причина потрошувачката на вода да се зголеми, само од една единствена причина, превентивно да не дојде до замрзнување на водоводните цевки и до прекин на водоснабдувањето, рече Јонузи и наведе во кои објекти потрошувачката на вода најмногу се зголемила.

Зголемениот пораст на потрошувачката на вода, тој додава дека е најизразен во поновите куќи во населбите, бидејќи таму приземните простории се постудени, а опасноста од смрзнување на водоводот многу поголема. Тоа ги присилува сопствениците на овие куќи и во текот на ноќните саати да ги пуштат славините да течат, за да не дојде до смрзнување на водоводната мрежа-нагласи директорот.

Тој посочи дека најавите на метеоролозите за студени ноќи и во наредните десетина дена, секако дека ќе придонесат во овој период потрошувачката на вода да биде зголемена.

Јонузи додаде дека водоснабдувањето е редовно, нема рестрикции или било какви дефекти а со промената на водоводната мрежа во поголемиот дел од градот и општината, дефектите се исклучително ретки. за/ки/

Back to top button
Close
Close