Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара

Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал.

Кавадарци, 19 јануари 2022 (МИА) – Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици.

Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал.

– На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави, рече тој.

Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време.

Стојков  доби пригодни подароци. свд/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close