Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Стојменовски најави нови проекти во населбата Милково Брдо

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Николчо Стојменовски на вечерашнава средба со граѓаните вети повеќе проекти кои ќе се реализираат во населбата Милково Брдо.

Делчево, 4 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Николчо Стојменовски на вечерашнава средба со граѓаните вети повеќе проекти кои ќе се реализираат во населбата Милково Брдо.

Секоја населба, рече Стојменовски, има своја убавина и своја приказна, а за населбата Милково Брдо како приоритетни проекти од неговата програма ги истакна изградбата на нова Детска градинка и нов парк.

– Ја користам приликата и право да го најавам идниот голем проект, а тоа е нов парк, ново катче уредено, приспособено како за младите така и за повозарасните граѓани, следува изградба на нов Духовен храм кој ќе се вика „Св.Марина“. Исто така ќе додадеме и детска градинка која ќе служи за потребите на родителите од оваа најголема населба, рече Стојменовски.

Пред жителите на Милково Брдо, Стојменовски напомена дека со неговата програма е опфатено сообраќајно решение до секој дом, чиста вода за секој дом, воскреснување на планината Голак како идна туристичка атракција, изградба на улици во градот и селските средини.

Вечерва покрај со жителите на Милково Брдо кои ги повика да гласаат за победничко Делчево, Стојменовски заедно со пратениците Никола Мицевски и Рашела Мизрахи присуствуваа и на отворањето на нови партиски штабови во повеќе населби во Делчево. вс/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close