Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Стојменовски: Да дадеме глас за иднината, за проекти и за промени

Граѓаните на 17 октомври да излезат масовно и да го дадат својот глас за бројот 7. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Николчо Стојменовски.

Делчево, 15 октомври 2021 (МИА) – Граѓаните на 17 октомври да излезат масовно и да го дадат својот глас за бројот 7. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Николчо Стојменовски.

-Драги мои делчевчани, ми беше навистина чест што се сретнав со секој еден од вас, што поразговаравме и што кај сите ја видов желбата за подобро утре. Сакам да се заблагодарам и на целата поддршка од земјата и странство, за поткрепата и убавите зборови, тоа навистина ме уверуваше дека сум на вистинскиот пат. Затоа сега верувам во подобри и поубави денови за Делчево, верувам во многу работа и на тоа се обврзувам, рече Стојменовски.

Делчево, како што додаде, е место со добри и мудри луѓе, бестрашен народ кој знае да одлучи.

-Пред почетокот на предизборниот молк ја користам оваа прилика да ги повикам делчевчани в недела на 17 октомври, уште во раните утрински часови да се упатиме кон избирачките места и да дадеме глас за иднината, за проекти, за промени, за победи. Затоа што од сите нас зависи. Да создадеме нова иднина за нас и идните генерации, да не ги посрамотиме предците, а да им овозможиме поубави услови за развој на генерациите после нас. Заокружете број 7, за себе, за вашите семејства, за Делчево, за Македонија, додаде Стојменовски.
Носителот на Советничката листа Сашко Ивановски додаде дека недела е ден кога гласот на граѓанинот е тој што ќе ќаже што понатаму. -Тоа е гласот на тивкото мнозинство кое тихува, работи и плаќа даноци, кое го сака и чува нашиот град со своите срца, гласот на разочараните и невработените, гласот на бунтовната и силна младина, гласот на учителот, лекарот, земјоделецот, гласот на секој од вас, рече Ивановски. вс/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close