Дописници МКДЛокални избори 2021

Стојменовски: Гледам победничка атмосфера за промени

Кандидатот за градоначалник на Делчево на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Николчо Стојменовски вечерва имаше свое претставување пред граѓаните на Делчево, при што истакна дека гледа посебна победничка атмосфера што, според него, претставува доказ дека е време за нова иднина.

Делчево, 14 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Делчево на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Николчо Стојменовски вечерва имаше свое претставување пред граѓаните на Делчево, при што истакна дека гледа посебна победничка атмосфера што, според него, претставува доказ дека е време за нова иднина.

– Горд сум што можам да видам сплотен народ кој стои рамо до рамо, еден до друг онака како што стоеле генерации Македонци пред нас во клучните моменти кога се дефинирала историјата. Денеска заедички создаваме почеток на една нова приказна, тоа ќе биде приказна на разбирање, толеранција на многи проекти. Доста живеевме со лагите кои многу добро ги знаеме. Долго се познаваме ја знаете  мојата визија, знаете дека со овој млад способен тим ќе создаваме широки можности за секој да го реализира своите планови и идеи со напорна работа, рече Стојменовски.

Тој дополни дека со него на чело, Општината ќе добие нов лик како урбан град со развиени села.

– Делчево ќе добие квалитетна вода, ново сообраќајно решение, ќе се справиме со отпадот и ќе обезбедиме чиста животна средина. Решен сум општината да биде привлечна за сите. Планината Голак и Брегалница е неропроценливо богатство, Голак ќе добие реконструирано детско одморалиште, ќе изграфиме нова индустриска зона, ќе ја развиене сервисната зона. Ќе озвоможиме во секое село поволност за бизнис. Делчево нема повеќе да биде слепо црево на истокот, вети кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Тој најави и поддршка за редовна субенционирана автобуска линија до Скопје и селските населби и, како што рече, конечна изградба на филтер станицата и нов цевковод до повеќе села, кои ќе бидат поврзани со нова водовна мрежа, а за централното градско подрачје најави изградба на нови паркинг места.

На крај од излагањето Стојменовски дополни дека е потребна убедлива победа на 17 октомври, која според него ќе биде победа за промени и победа за проекти.

Во рамки на трибината свое излагање имаше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, а беше претставена и Советничката листа на чело со носителот Сашко Ивановски. вс/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close