Локални избори 2021Политички партии

Стојановски: Сопиште ќе добие затворена спортска сала и намалување на фирмарина како помош за компаниите

Затворена спортска сала, бесплатен бежичен интернет во автобусите и игралиштата, паркови, стипендии за најуспешните спортисти, бесплатно неформално образование за невработените, им вети Сашо Стојановски кандидат за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на жителите на општина Сопиште.

Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) – Затворена спортска сала, бесплатен безжичен интернет во автобусите и игралиштата, паркови, стипендии за најуспешните спортисти, бесплатно неформално образование за невработените, им вети Сашо Стојановски кандидат за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на жителите на општина Сопиште.

Стојановски ги спомна и фирмите и истакна дека на малите бизниси односно фирми им е потребна поголема поддршка особено за пребродување на Ковид кризата.

-Една мерка што веднаш ќе ја спроведеме како амортизација од Ковид шокот е 50 отсто намалување на фирмарина за постоечките фирми. Веднаш стартуваме со редовни координации со бизнисмените и преку дијалог ќе се креираат дополнителни соодветни антикризни мерки како помош за пребродување на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Ќе разговараме со нив заедно ќе ги креираме условите под кои ќе добијат дополнителна поддршка. За оние што ќе бидат новоформирани, односно сите кои ќе отворат нов бизнис ќе бидат ослободени од плаќање на фирмарина во следните 3 години, изјави Стојановски на средбите со граѓаните.

Додаде дека таргет сите компании што ќе рециклираат стакло и пластика на обележани позиции што ќе ги предвиди општината, ќе добијат помош со намалување на комуналните давачки за 30 проценти.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close