Општински вестиСкопје

Стефковски: Ветувањата дадени пред граѓаните се реализираат

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална канализација на улицата „Сава Михајлов“, во населеното место „Јане Сандански“.

Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална канализација на улицата „Сава Михајлов“, во населеното место „Јане Сандански“.
За почетокот на градежните работи, Стефковски информираше на својата официјална фејсбук-страница.
-Денеска започнаа градежните работи за изградба на фекална канализација за зградите на крај на улица „Сава Михајлов“ во населеното место „Јане Сандански“. Со овој проект се решава долгогодишниот проблем на граѓаните. Ветувањата дадени пред граѓаните се реализираат, напиша Стефковски на Фејсбук. сст/дма/

Back to top button
Close
Close