СпортСпорт.СлајдерФудбал

Стефани Фрапарт најдобар фудбалски судија трета година по ред

Французинката Стефани Фрапарт е најдобриот фудбалски судија во женска категорија за 2021 година, објави Интернационалната федерација за фудбал, историја и статистика - ИФФХС.

Цирих, 6 декември 2021 (МИА) – Французинката Стефани Фрапарт е најдобриот фудбалски судија во женска категорија за 2021 година, објави Интернационалната федерација за фудбал, историја и статистика – ИФФХС.

Од 2019 година, последователно, Стефани Фрапарт доминира на рангирањето на најдобрите светски судии во женска категорија. Годинава, таа повторно ја освои наградата со голема разлика пред русинката Анастасија Пустовоитова.

Третото место годинава го освои Ештер Стаубли од Швајцарија, додека четврта беше Катерина Монзул од Украина. Едина Алвеш Батиста од Бразил заврши на петтото место.

Фрапарт е лиценциран ФИФА судија од 2009 година и влезе во историјата како прва жена судија што судеше во врвно меѓународно машко натпреварување, кога УЕФА ѝ го довери натпреварот помеѓу Јувентус и Динамо Киев во Лигата на шампионите во 2020 година. ар/дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close