Дописници МКДОпштински вести

Средношколци од Тетово со протест бараат доследно спроведување на антиковид-мерките

Ученици од наставата на македонски јазик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и од економско училиште „8 Септември“ во Тетово денеска ја бојкотирата наставата и одржаа предупредувачки протест барајќи училиштата и Општината како институции доследно да ги спроведуваат и почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.  Тие бараат повеќе дезинфекција во училишните објекти и превоз на ученици според протоколите.

Тетово, 5 ноември 2021 (МИА) – Ученици од наставата на македонски јазик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и од економско училиште „8 Септември“ во Тетово денеска ја бојкотирата наставата и одржаа предупредувачки протест барајќи училиштата и Општината како институции доследно да ги спроведуваат и почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.  Тие бараат повеќе дезинфекција во училишните објекти и превоз на ученици според протоколите.

Синиша Стефановски, претставник на родителите, на протестот пред гимназијата изјави дека не се почитува протоколот за превоз, според кој во авторбус со 40 места треба да се превезуваат само 20 ученици. Рече дека бараат и онлајн-настава додека трае новиот бран на вирусот.

– Автобусите се преполни и со преку 200 деца. Им паѓаат и колабират и се шири потенцијална опасност од ширење на коронавирусот. Второто барање е во овие месец-два, колку што е пикот, да има онлајн-наствва и кога ќе има услови за физичко присуство да одат на школо. Ние сме за физичко присуство, но ако нема услови, да нема терање инает. Од понедленик ќе одат на училиште, но ако  наредната недела не се реши барем еден проблем, следниот понеделник пак ќе има протест, рече Стефановски.

На протестот организиран пред гимназијата, дојдоа и ученици од средното економско училиште во кое  учела и 16-годишната средношколка од Сиричино која почина од Ковид-19. Тие, исто така, бараат регулирање на превозот и зголемување на средствата за хигиена.

-Се надминува капацитетот во возилата за превоз и учениците се во опасност. Почина средношколка од втора година. Сакаме со овој протест да ја спречиме потенцијалната опасност што се шири околу нас. Ова барање го дадовме до Општина Тетово и до директорката. Сакаме со фиизчко присуство, сакаме да има мерки – сапуни и дезинферкција. Сите да одат со маски, да не бидеме подложни на ризик. Ние како економско, за разлика од гимназија, сметам дека нема потреба од онлајн-настава, затоа што се движиме секаде и има потенцијален ризик, но ако може да бидеме побезбедни во школските објекти. Професорите носат маски и бараат од нас и носиме маски, изјави Елена Кузмановска, претставничка на учениците од економското училиште.

Претставникот на родителите истакна дека при скринингот во гимназијата немало утврдено болни.

Градоначалникот Биљал Касами, кој вчера ја презеде функцијата, на средба со новинарите рече дека не е запознат со проблемот и дека ќе ги прими родителите и учениците на состанок со цел да се изнајде решение. ас/хс/ 

Таг
Back to top button
Close
Close