Дописници МКДЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Средба на Кондовски и Гошаревски со градоначалникот на Пустец, Колефски

Кандидатите на СДСМ за градоначалник на Битола Христо Кондовски и на Ресен Живко Гошаревски остварија средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, а тема на разговор беше прекуграничната соработка.

Битола, 24 октомври 2021 (МИА) – Кандидатите на СДСМ за градоначалник на Битола Христо Кондовски и на Ресен Живко Гошаревски остварија средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, а тема на разговор беше прекуграничната соработка.

Прекуграничната соработка на македонските општини со општините во соседните земји е од исклучително значење за искористување на европските фондови, сето тоа во функција на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, соопштија по средбата во Битола.

-Како идна локална самоуправа од исклучителна важност е да работиме на зголемување на капацитетите за искористување на што повеќе средства од европските фондови. Општините во соработка со граѓанскиот сектор се најважните креатори на условите за имплементација на што поголем број проекти финансирани со европски средства во областа на прекуграничната соработка. Тоа ќе донесе бенефит за граѓаните во нашите општини, но и бенефит за граѓаните во соседните земји, информира Кондовски.

Како што е познато, Пали Колефски е градоначалник на Општина Пустец избран на локалните избори во Албанија во 2019 година. мт/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close