Општински вестиСкопје

Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со кинескиот амбасадор, Ѕуо

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо.

Скопје, 29 декември 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со амбасадорот на Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо.

Како  што информираат од општинската прес-служба, средбата е реализирана во ООУ „Рајко Жинзифов“ – симбол на кинеско-македонското пријателство, училишен објект кој се изгради во 2014-тата, со целосна донација од НР Кина, како и училишната спортската сала која исто така се изгради со кинеска финасиска поддршка во 2019 година.

Двајцата соговорници раговале и се договориле за сферите во кои постојат можности за унапредување на соработката. Средбата беше заокружена со подарок за училиштето од страна на кинеската амбасада, дванаесет таблети кои треба да помогнат во изведување на наставата.

– Од мое лично име и од име на сите наши ученици и вработени во ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, сакам да се заблагодарам и да истакнам дека силно ги почитуваме и вреднуваме сите досегашни инвестиции на НР Кина во нашата општина. Посебно ме радува што од нив најголем бенефит имаат најмладите, нашите ученици од Драчево. НР Кина во многу наврати докажала дека е голем пријател на Општина Кисела Вода, бидејќи пријателството се мери преку добрите дела. Искрено верувам дека ова вредно и долготрајно заемно почитување ќе продолжи, а нашата соработка ќе се продлабочи, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Амбасадорот Џанг Ѕуо потенцираше дека образованието значи вложување во иднината, и претставува гаранција за севкупниот напредок на општеството. Оттука, подвлече, Општина Кисела Вода може да очекува поддршка од НР Кина во проекти за подобрување на условите во училиштата, но и во многу други сфери, додавајќи дека со задоволство ја прифаќа понудата на градоначалникот за официјална средба во општината. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close