0_Спорт.ПорталДописници МКДОстанатоСпорт

Сребрен медал од Балканското карате-првенство доаѓа и во Тетово

Шеснаетсетгодишниот каратист Андреј Стојановски во родниот град Тетово носи сребрен медал како дел од тричлената репрезентативна екипа која освои второ место во ката тим кадети/јуниори на 21. Балканско првенство што се одржа викендов во хрватскиот град Риека.

Тетово, 29 ноември 2021 (МИА) – Шеснаетсетгодишниот каратист Андреј Стојановски во родниот град Тетово носи сребрен медал како дел од тричлената репрезентативна екипа која освои второ место во ката тим кадети/јуниори на 21. Балканско првенство што се одржа викендов во хрватскиот град Риека.

– Сребрениот медал го освоивме со колегите од репрезентацијата Кристијан Андриќ и Давид Спасовски од Скопје под водство на селекторот во кати Стојан Андриевски, кој ни е тренер и во карате-клубот Фунакоши Гичин-Скопје, информира Андреј Стојановски.

На Балканското карате-првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, репрезентацијата на С Македонија настапи со 61 каратист, а освои вкупно 13 медали. ас/

Back to top button
Close
Close