0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Србија светски шампион во 3×3 баскет

Репрезентацијата на Србија во состав Стојачиќ, Мајсторовиќ, Васиќ и Бранковиќ е светски шампион во баскет 3x3. Србите синоќа во финалето на Мундијалот во Антверп ја совладаа селекцијата на Литванија со 21:16.

Антверпен, 27 јуни 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Србија во состав Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михајло Васиќ и Марко Бранковиќ е светски шампион во баскет 3×3. Србите синоќа во финалето на Мундијалот во Антверп ја совладаа селекцијата на Литванија со 21:16.

Србија од самиот почеток направи разлика од 5-6 (5:0 и 7:1) поени и ја одржуваше до самиот крај и не им дозволи на противниците резултатски да се доближат на повеќе од три поени (13:10).

Во натпревар за третото место, Франција го победи домаќинот Белгија со 18:17.

Златниот медал во женска конкуренција го освои Франција по победата над Канада со 16:13 во големото финале. Во дуелот за третото место Кина беше поуспешна од Литванија со 21:11. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close