Дописници МКДОпштински вести

Србите од Охрид го одбележаа празникот Свети Сава

Со литургија во црквата „Свети Никола“, припадниците на српската заедница во Охрид го одбележаа верскиот празник посветен на Свети Сава.

Охрид, 27 јануари 2022 (МИА) – Со литургија во црквата „Свети Никола“, припадниците на српската заедница во Охрид го одбележаа верскиот празник посветен на Свети Сава.

Членовите на Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над триста членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Оваа година вторпат последователно поради ситуацијата наметната од епидемијата на коронавирусот не се организираа традиционалните веселби и дружења по повод празникот.

Празнична честитка до припадниците на српската заедница од градот со желби за здравје, мир и благосостојба испрати и градоначалникот Кирил Пецаков.

-Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок на Охрид и на нашата држава. Посакувам верата во Бога и човекољубието да бидат водилка за идните генерации, во насока на градење на поголемо заедништво и меѓусебно разбирање, се вели во честитката.

Српската заедница е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. аб/мч/

Back to top button
Close
Close