Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Спорт.ПорталРезултатиСпортСпорт.СлајдерФудбал

СП 2022: Германија последна во Е-групата по две одиграни кола

Германската репрезентација по 2. коло на Светското првенство 2022 година го зазема последното место во групата Е. Избраниците на Ханс-Дитер Флик вечерва одиграа нерешено 1:1 со Шпанија.

Ал Хор, 27 ноември 2022 (МИА) – Германската репрезентација по 2. коло на Светското првенство 2022 година го зазема последното место во групата Е. Избраниците на Ханс-Дитер Флик вечерва одиграа нерешено 1:1 со Шпанија.

Мората ги доведе Шпанците во водство во 62. минута, резултатот го израмни Филкруг во 83. минута.

Лидер на табелата во оваа група е Шпанија со 4 бода, Јапонија и Костарика имаат по 3, германија е последна со само 1 бод.

Во последното коло Шпанија ќе се соочи со Јапонија, додека Германија ќе игра натпревар против Костарика. Двата натпревари се закажани за 1 декември.

Сите четири репрезентации се со шанси за пласман на едно од првите две места и учество во осминафиналето. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close