Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Спречено ширење на пожар во плевна во тетовско Камењане

Тетовските пожарникари денеска интервенираа на пожар што зафати една плевна во селото Камењане, а според нив спречено е огнот да се прошири на други два објекти со иста намена за чување на сено и слама. Интевенцијата траела час и половина.

Tетово, 29 јуни 2022 (МИА)Тетовските пожарникари денеска интервенираа на пожар што зафати една плевна во селото Камењане, а според нив спречено е огнот да се прошири на други два објекти со иста намена за чување на сено и слама. Интевенцијата траела час и половина.

– Околу 14 часот добивме повик од селото Камењане. Работевм околу час и половина за да се изгаси целосно и да се ликвидира огнот. Со гаснење на овој пожар спречивме да се прошири на две други плевни кои до објектот што гореше. Воедно имаше и куќи во непосредна близина, информира Ука Алити, од Територијалната противпожарна единица Тетово.

ТППЕ Тетово интервенирале со девет пожарникари и три против пожарни возила. ас/ки/

 

Таг
Back to top button
Close
Close