Дописници МКДОпштински вести

Спортски и еколошки активности во дебарската деветолетка „Пенестија“ во соработка со „Меѓаши“

Во најголемото општинско основно училиште во Дебар „Пенестија“, денеска се одржаа училиштни спортски натпревари и еколошка акција, во соработка со првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Дебар, 20 октомври 2021 (МИА) – Во најголемото општинско основно училиште во Дебар „Пенестија“, денеска се одржаа училиштни спортски натпревари и еколошка акција, во соработка со првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

-Ова е последователна активност во соработка со детската амбасада „Меѓаши“. Имавме спортски натревари во скокање со јаже, мал фудбал, кошарка и хулахоп. За натпреварувачите, но и сите ученици кои ги следеа, ова беше прекрасно минат ден, можеше да се видат насмевки на лицата на децата и да се почувствува нивната радост. Соработката секако ќе ја продолжиме и со Меѓаши, но и со други асоцијации, зашто тоа е во интерес на учениците, изјави Ајет Мулареџа, директор на училиштето.

Додаде дека е спроведена и еколошка акција, односно чистење од насобрани отпадоци, во кругот на училиштето и неговата околина, како и во и околу спортските полигони кои се во самата близина на училиштниот двор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мулареџа посочува дека од амбасадата „Меѓаши“ училиштето има добиено проектор, вреден илјада евра за потребите на оваа образовна установа, како и повеќе канти за отпадоци што се веќе поставени во кругот на училиштето.

ООУ „Пенестија“ е најголемо основно училишта не само во Дебар, туку во поширокиот дебарски регион. Настава на македонски и албански јазик следат околу илјада ученици во двата објекта во градот и подрачното училиште во село Џепиште. вт/ев/

Back to top button
Close
Close