Дописници МКДКултураОпштински вести

Спомен-соба на Васил Иљоски во Крушево

Крушево ќе отвори спомен-соба на големиот македонски писател, драмски автор Васил Иљоски, која ќе биде сместена во горната училишна зграда. Оваа одлука ја донесоа крушевските советници на третата седница на новоформираниот општински совет.

Крушево, 29 ноември 2021 (МИА) – Крушево ќе отвори спомен-соба на големиот македонски писател, драмски автор Васил Иљоски, која ќе биде сместена во горната училишна зграда. Оваа одлука ја донесоа крушевските советници на третата седница на новоформираниот општински совет.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, во комуникација се со семејството на познатиот драматург од Крушево и врз основа на тоа лични предмети од Иљоски се отстапени на општина Крушево. Претседателот на Советот Андреј Николоски нагласува дека ова е почеток за зачувувањето и промоцијата на ликот и делото на големиот крушевчанец, Васил Иљоски.

-Ова е еден мал гест кон Васил Иљоски. Овој крушевчанец остави многу дела и со својот живот остави траен печат. Отварањето на спомен-собата е добар почеток за зачувување и промоција на ликот и делото на Иљоски, рече Николоски.

Целта на отворањето на спомен-собата е да се зачува  наследството на познатиот драмски автор, писател и есеист, роден во Крушево во 1902 година, кој образованиоето го продолжил во Куманово. Иљоски е автор на повеќе драми, меѓу кои „Бегалка “, „Чорбаџи Теодос“, „Чест“.

Според одлуката, со просторијата каде што ќе биде сместена спомен-собата ќе управува Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ со асистенција на Здружението за угостителство и туризам и на здружението „Хумани односи“. ем/хс/

Back to top button
Close
Close