0_Web_Актуелно0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштествоСторија

Спомен-куќата на Коста Солев Рацин, белег на Велес, завет за сегашните и идните генерации

Спомен-куќата на Кочо Рацин, лоцирана во Велес, изградена на левата страна од брегот на реката Вардар, ја претставува традиционалната велешка куќа, која некогаш, па и денес, се смета за куќа со најатрактивна архитектура. Куќата се наоѓа на истоимената улица „Кочо Рацин“ и е изградена кон крајот на 19 век. Во неа живеел поетот и револуционер Коста Солев со неговото семејство. Во неа се наоѓа и семејната грнчарска работилница, каде на грнчарското колце работел и Рацин. Тука е и чардакот каде тој се среќавал со своите соборци и истомисленици и во долгите ноќи ги пишувал своите „Бели мугри“ и други свои дела. Рациновата куќа задолжително се посетува од учесниците и гостите за време на Рациновите средби и други манифестации поврзани со Рацин. Во неа се чита поезија, се промовираат книги, се одржуваат грнчарски работилници за најмладите и други културни манифестации.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Таг
Back to top button
Close
Close