Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Спасовски: Обединети можеме да го победиме режимот и Илиевски да победи за Куманово

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од Куманово пред граѓаните на Куманово порача дека одат на победа, за нови детски градинки, за нови улици, за нови проекти кои значат развиен град.

Куманово, 25 октомври 2021 (МИА)-Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од Куманово пред граѓаните на Куманово порача дека одат на победа, за нови детски градинки, за нови улици, за нови проекти кои значат развиен град.

– Само обединети можеме да го победиме режимот во Куманово-порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски кој ги повика граѓаните на Куманово на обединување.

Тој кажа дека во Куманово во магистралните и регионалните патишта вложени се 120 милиони евра и инвестирани се 3, 4 милиони евра во образованието во Куманово и најави дека реконструкцијата на училиштата, игралиштата ќе продолжи.

– Социјалдемократот, Оливер Илиевски ќе биде новиот градоначалник. Тој се обврза за секое училиште во Куманово да мора да биде реконструирано и вети дека ќе внесе 6,5 милиони евра во образованието-рече Спасовски.

Тој посочи дека како централна власт секогаш се подготвени да помогнат на Куманово.

– Никогаш повеќе кумановци да не се чувствуваат запоставено, а со ваша поддршка ќе победиме за модерно и зелено Куманово-порача Спасовски пред граѓаните на Куманово.ам/ир

Back to top button
Close
Close