Локални избори 2021Политички партии

Спасовски и Илиевски на средба со претставници на чевларската индустрија од Куманово

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и поранешниот градоначалник на Куманово Слободан Ковачевски, денеска остварија средба со претставници на чевларската индустрија, на која заеднички се согласија дека општината може да помогне многу повеќе во зачувувањето и развојот на овој занает.

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и поранешниот градоначалник на Куманово Слободан Ковачевски, денеска остварија средба со претставници на чевларската индустрија, на која заеднички се согласија дека општината може да помогне многу повеќе во зачувувањето и развојот на овој занает.

Илиевски понуди решенија за нивните проблеми и приоритети, коишто се тесно поврзани со растот и развојот на оваа бранша, како што се гасификација, осветлување и асфалтирање на Индустриска, поврзување на Тромеѓа и Рајкова Куќа со асфалтен пат и изработка на ДУП и имплементирање на ИПА програмата за развој на чевларска индустрија.

– Со поддршка од страна на општината да обезбедиме подобри услови за работа на чевларите, со цел унапредување на квалитетот на производите. Со гасификација на индустриската зона ќе ги намалиме трошоците на компаниите, со што истите ќе бидат поконкурентни и на меѓународниот пазар, со што ќе се придонесе и кон унапредување на локалниот економски развој, рече тој.

Илиевски информираше дека само преку аплицирање на проекти може да се подигне стандардот во Куманово.

Тој вети дека проектите финансирани од европските ИПА фондови ќе бидат од исклучително значење за развој на индустријата, односно за модернизација на капацитетите на компаниите, со што ќе преминеме кон високо технолошка економија.

– Општината ќе спроведува едукативни семинари за аплицирање и управување со проекти од ИПА програмата за развој на чевларската индустрија, за да чевларите како крајни корисници ќе имаат можности да создадат нов кумановски бренд со кој ќе го вратиме престижот на занаетот во градот, заклучи Илиевски. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close