Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Со симулациска вежба одбележан Меѓународниот ден на пожарникарството во тетовската пожарна

Ученици од средните училишта и претставници на локалните институции имаа можност да присуствуваат на симулациска вежба, што ја изведоа пожарникарите.

Тетово, 20 мај 2022 (МИА) – Со симулациската вежба, денеска Територијалната противпожарна единица Тетово го одбележа 20 мај Меѓународниот ден на пожарникарството.

Ученици од средните училишта и претставници на локалните институции имаа можност да присуствуваат на симулациска вежба, што ја изведоа пожарникарите.

-Демонстриравме интервенција при сообраќајна несреќа и извлекување на повредени луѓе од двете возила кои учествувале. Целта беше преку овој настан да влијаеме едукативно врз учениците и да им укажеме на важноста која ја имаат пожарникарите во едно општество особено при несреќни случаи и при пожари. Гости ни беа матуранти, кои сега веќе како возрасни ќе се соочат со вакви немили случки, а со оваа вежба ќе имаат информации што може да се случи и што може да се направи и превземе, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Додека траеше симулациската вежба тетовската пожарна прими три повици на кои вистински се интервенираше.  Се гасеа пожари на отворено во селата Теново и Џепчиште, како и просторот кај поранешниот Воспитно-поправен дом на улица „Љуботенска“ во Тетово. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close