Дописници МКДКултураКултура.Портал

Со претставата ,,Вистина или лага” се врати драмскиот аматеризам во Делчево

Со изведба на театарската претстава „Вистина или лага“, се „врати“ драмскиот аматеризам во Делчево. Претставата како што истакна директорот на делчевскиот центар за култура Методи Толевски, после подолг период е поддржана од Министерството за култура.

Делчево, 5 декември 2021 (МИА) – Со изведба на театарската претстава „Вистина или лага“, се „врати“ драмскиот аматеризам во Делчево. Претставата како што истакна директорот на делчевскиот центар за култура Методи Толевски, после подолг период е поддржана од Министерството за култура.

-Сигурно има седум до осум години откако публиката имаше можност да види театарска претстава подготвена од актери аматери. Министерството за култура ни излезе во пресрет и можам да кажам дека сум пресреќен, што на мала врата го враќаме драмскиот аматеризам во Делчево, рече Толевски.

Режисерот Маријана Стоименовска, додаде дека претставата била наменета за лицата со попреченост од Делчево.

-Во ова време невреме, сакавме малку да им дадеме силна насмевка на овие деца, како и на сите деца, бидејќи сите училишта на подолг период беа затворени и конкретно актерите кои се ученици имаа желба да направат нешто со своите активности, кои ги нарекуваме вон-наставни активности. Во договор со Центарот за култура кој ни излезе во пресрет, ова беше можност децата да покажат колку знаат и умеат, рече Стоименовска.

За учесниците во драмата, беше задоволство да се настапи пред делчевската публика.

-Јас ја глумев Ула, а со оваа претстава сакавме да покажеме колку треба да ја почитуваме традицијата, треба да бидеме и модерни, но секогаш да го почитуваме тоа што било пред нас, истакна Искра Ѓеоргиевска.

Драмската претстава „Вистина или лага“ според планираното ќе биде прикажана и во Берово, Пехчево, Виница, Кочани и Македонска Каменица. вс/ки/

Back to top button
Close
Close