Култура

Со „Отворено студио“ завршува ликовната колонија во Слоештица

Со настанот „Отворено студио“, официјално завршува годинашната меѓународна ликовна колонија во Слоештица.

Скопје, 25 септември 2021 (МИА) – Со настанот „Отворено студио“, официјално завршува годинашната меѓународна ликовна колонија во Слоештица.

Годинава, предизвик за уметниците од Европа беше песната ВЕЗИЛКА на челникот на македонската преродба Блаже Конески, како дел од чествувањето на 100-годишнината од неговото раѓање.

Заради пандемијата, колонијата се одржа во два дела, а на отвореното студио ќе бидат претставени креациите создадени за време на престојот на двете групи уметници и тоа: на петмината фотографи, претставници на легендарната Либеречка школа за фотографија од Чешка, и на тројцата ликовни уметници: Матко Векиќ од Хрватска, Олена Клочко од Украина и Котрина Чалкаите од Литванија.

Посетителите, освен што ќе имаат можност да видат како освен црниот и црвениот конец, уметниците ја пронајдоа и во своите креации ја преточија и златната нишка од платното на ВЕЗИЛКАта, ќе можат и да поразговараат со авторите Векиќ, Клочко и Чалкаите коишто се уште престојуваат во Слоештица. Сите тројца се ексклузивни претставници на современата уметничката сцена земјите чиишто знамиња за прв пат се веат на терасата на меѓународниот центар за уметност во Слоештица.

Проектот ВЕЗИЛКА на „Арт Поинт – Гумно“, е делумно поддржан од македонското Министерство за култура.свс/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close