Локални избори 2021Општество

Со едукативниот караван „Ти си на ред!“ ДИК ги посети Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово и Скопје

Во рамки на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, неделава, караванот на Државна изборна комисија ги посети градовите Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово и Скопје.

Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Во рамки на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, неделава, караванот на Државна изборна комисија ги посети градовите Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово и Скопје.

Кампањата на ДИК за претстојните Локални избори се реализира со цел да се претстават правата на гласачите за време на изборниот циклус.

Како што информираат од ДИК, во рамки на караванот, од страна на претставници на Државната изборна комисија, на случајните минувачи им беа поделени едукативни и информативни материјали, кои содржат точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место.

На овогодинешните избори, за прв пат се воведува и новиот начин на идентификација на гласачите, со употреба на уредот за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ), кој има за цел да го унапреди процесот преку дигитализација и автоматизирање на дел од постапката за гласање. ар/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close