Локални избори 2021Политички партии

Сојузот на Ромите со поддршка на коалицијата на СДСМ

Скопје, 20 октомври 2021

Најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија, како најмоќна ромска политичка структура дава силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Како дел од владиното мнозинство, нашата заедничка цел е напредокот на нашата земја во сите сфери, а особено во делот на економијата, вработувањето и влезот на Северна Македонија во Европската Унија.

Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интезивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октовмри, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната подршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Мораме да напоменеме дека, сите наши партиски ограноци и партиски комитети на ниво на целата државата, активно ќе се вклучат во кампањата за локалните избори и ќе придонесеме за големата победа во сите општини и градови како и во Градот Скопје, каде коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА, има кандидати за градоначалници во втор круг.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ја има нашата подршка бидејќи сметаме дека ја води Владата по демократскиот и европскиот пат.

Претседател на Сојуз на Ромите од Македонија,

Габриел Бајрам

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close