Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Сопствениците на Манчестер сити купуваат бразилски клуб

Бразилскиот клуб Баија одобри продажба на 90 отсто од акциите на клубот на „Сити Фудбал Груп“, пренесува „Глобо Еспорте“. Одлуката беше донесена по резултатите од гласањето одржано викендов.

Салвадор, 4 декември 2022 (МИА) – Бразилскиот клуб Баија одобри продажба на 90 отсто од акциите на клубот на „Сити Фудбал Груп“, пренесува „Глобо Еспорте“. Одлуката беше донесена по резултатите од гласањето одржано викендов.

– Нашите партнери донесоа историска и демократска одлука која нè приближува да станеме дел од најголемата и најиновативна фудбалска група во светот и до нова иднина за нашиот клуб. Задоволство е што нашиот сакан клуб е на пат да се приклучи на „Сити Фудбал Груп“, изјави претседателот на клубот Гилхерме Белинтани.

Спортскиот холдинг Емирати, основан во 2013 година и регистриран во Велика Британија, веќе ги поседува Њујорк сити (САД) и Мелбурн сити (Австралија), а исто така инвестира во тимовите Ломел (Белгија), Монтевидео сити Торк (Уругвај), Жирона (Шпанија) , Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Троа (Франција), Сити Мумбаи (Индија), Сечуан Јун (Кина). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close