Оригинални текстови

Соопштение од 35. седница на Државната изборна комисија

Ве известуваме дека на 35-та седницата на ДИК беше донесена Одлуката за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година.

Скопје, 27 октомври 2021 

Почитувани,

Ве известуваме дека на 35-та седницата на ДИК беше донесена Одлуката за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година.

Имено, Државната изборна комисија информираше дека на вчерашната седница не го отстрани ставањето печат на гласачкото ливче. Ставањето на печат на гласачкото ливче е задолжително согласно  член 109 став (2) од Изборниот законик. Со тоа секој член на Избирачкиот одбор кој работи со гласачките ливчиња задолжително треба да стави печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат.

Ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик, произлезе од Пресудата на Управниот суд каде што меѓу  другото се вели … „ во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“.

Конкретно,  Управниот суд на Република Северна Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња.

Поради ова, Државната изборна комисија го измени Упатството за важечко и неважечко ливче само во делот каде што се вели дека гласачкото ливче е неважечко ако на него нема ставено печат, со интенција да се почитува волјата на гласачот доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на Избирачкиот одбор. Истовремено, се укажува дека определувањето за важечко и неважечко гласачко ливче е опишано во член 110 и член 115 од Изборниот законик, додека постапката за гласање се пропишува со член 109 од Изборниот законик, со  што со измената на Упатството ниту еден од наведените членови од Изборниот законик не е прекршен.

Исто така, се укажува дека на самото гласачко ливче е испечатен бројот на гласачкото место на кое што припаѓа ливчето, со што се спречува и било каква друга манипулација со истото.

Имајќи ги предвид сите реакции од јавноста, Државната изброна комисија ја поништува измената на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик односно за важечко и неважечко гласачко ливче, со што во сила ќе го стави претходното Упатство.

Се нагласува дека избирачките одбори треба доследно да ја почитуваат одредбата од член 109 став (2) од Изборниот законик и задолжително да стават печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат.

Секој пропуст во овој дел ќе се третира како пропуст во постапката и доколку се утврди несоодветно работење на Избирачкиот одбор односно непочитување на било кој дел од постапката а особено на член 109 став (2) од Изборниот законик ќе биде предмет на покренување на кривична постапка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Back to top button
Close
Close