Општински вестиСкопје

Сообраќаен метеж попладнево во Скопје

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека на повеќето сообраќајници низ градот попладнево е забележан поголем метеж на возила.

Скопје, 7 декември 2021 (МИА) – Сообраќајот во Скопје попладнево речиси три часа беше блокиран со колони возила кои стоеја во место речиси еден час.

Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека на повеќето сообраќајници низ градот попладнево е забележан поголем метеж на возила.

На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР. Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите. нд/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close