0_Web_Актуелно0_Инфопакет.Портал0_Македонија.ПорталВременска прогнозаИнфопакет

Сончево со студено утро и дневни температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Таг
Back to top button
Close
Close