Некатегоризирано

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец

Скопје, 25 септември 2021 (МИА) – Времето ќе биде студено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Back to top button
Close
Close