Временска прогноза

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close