Временска прогноза

Сончево со ниски утрински температури и слаба магла по одделни котлини

Времето наутро во земјава ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) – Времето наутро во земјава ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

И во среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close