0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер: Не би бил изненаден ако Роналдо сè уште игра и на 40 години

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Кристијано Роналдо.

Манчестер, 25 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Кристијано Роналдо.

– Не би бил изненаден ако Роналдо игра уште на 40 години. Начинот на кој се грижи за себе е неверојатен. Се разбира, ова е прашање за гените, но тој ги вложи сите капки енергија и напор да стане играч каков што е, го цитира Солскјер „Гол“.

Триесет и шестгодишниот Португалец се приклучи на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Тој постигна четири гола на три натпревари за англискиот клуб, во тековната сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close