Дописници МКДОпштински вести

Советот на Општина Охрид ја потврди одлуката за збратимување со полскиот град Огроџењијец

Советот на Општина Охрид денеска го потврди предлогот за збратимување на Охрид со полскиот град Огроџењијец.

Охрид, 24 септември 2021 (МИА) – Советот на Општина Охрид денеска го потврди предлогот за збратимување на Охрид со полскиот град Огроџењијец.

Иницијативата за збратимување со меморандум за соработка на градоначалникот Константин Георгиески неодамна му ја врачи неговата колешка, градоначалничката на Огроџењијец, Ана Пиларчик.

На одржаната работна средба беше најавена иницијатива за активности насочени кон унапредување на соработката во областа на стопанството и на туризмот. Беше демонстрирана согласнот за потенцијалите за заеднички развој на двата града и размена на искуства во речиси сите области од интерес.

Градоначалникот на Охрид притоа изрази уверување дека соработка нема да остане само добра волја и на хартија, туку дека ќе се продлабочи во иднина.

Инаку, полските туристи од 2017 се редовни гости во Охрид, а оваа година беа меѓу најбројните странски туристи на Охридската ривиера. Претставниците на полските туристички компании исто така со големи очекувања од резултатите на унапредената соработка. аб/рп/

Back to top button
Close
Close