Дописници МКДОпштински вести

Собрани 4 метри кубни смет на патот кон градската депонија во Велес

Екипи  од ЈКП „Дервен“ денеска чистеа  на левата и десната страна на патот кон градската депонија, при што собраа 4 метри кубни смет.

Велес, 25 јануари 2022 (МИА) – Екипи  од ЈКП „Дервен“ денеска чистеа  на левата и десната страна на патот кон градската депонија, при што собраа 4 метри кубни смет.

ЈКП „Дервен“ минатата недела почна со чистење на левата и десната страна на магистралниот пат Велес-Штип до градската депонија, кога се собрани 15 метри кубни  смет или со денешните вкупно 19 метри кубни смет.

-Апелираме до граѓаните и патниците да не фрлаат смет покрај овој и останатите патни правци и да не се создаваат диви депонии. Само така ќе ја зачуваме животната средина чиста и ќе се грижиме за здрав живот на сите жители на Велес, потенцираат од ЈКП „Дервен“. ад/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close