Дописници МКДОпштински вести

Собрани 27 крвни единици во крводарителска акција во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица се одржа крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 27 крвни единици. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Македонска Каменица, 1 јули 2022 (МИА) – Во Македонска Каменица се одржа крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 27 крвни единици. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
-И покрај топлото време време хуманите каменичани и каменичанки, вкупно 27 на број, се вклучија во денешната крводарителската акција. Нивниот број заедно со останатите од Делчево и Македонска Каменица е доста важен за вкупниот годишен план на крводарување, кој заклучно со крајот на јуни е надминат повеќе од половина, истакнаа организаторите на акцијата.
Од општините од регионот, следната акција е закажана за наредниот четврток во Општина Делчево.
-Акцијата во Делчево ќе се одржи на 7 јули 2022 година, за што упатуваме повик до сите хумани граѓани и редовни крводарители да го остварат своето право и да даруваат од животворната течност, додадоа од Црвен крст Делчево.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Делчево, со термин од 9:30 часот со времетраење до 14:30 часот. вс/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close